444
Државниот инспекторат за труд донесе решение за забрана на работата во работната просторија на Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство со наплата – „Венера“ од Битола, во траење од триесет дена и ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.
Вонредните инспекциски надзори беа извршени на 5.7.2017 година и на 14.7.2017 година по објавените информации дека група студенти биле измамени од страна на оваа агенција“, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.