602
Астрономите од Универзитетот Саутемптон ја откриле најголемата експлозија во вселената, која некогаш е забележана. Таа е десет пати посветла од било која позната супернова.
Експлозијата, позната како „AT2021Iwx“, во овој момент трае повеќе од три години, пренесува „Independent“.
Астрономите веруваат дека експлозијата е резултат на голем облак од гас, најверојатно илјада пати поголем од Сонцето.
Експлозијата се случила на оддалеченост од речиси осум милијарди светлосни години, кога вселената била стара околу шест милијарди години. Истражувачите навеле дека таквите настани се многу ретки и дека досега не сведочеле на нешто од толкави размери.
Лани астрономите ја забележале најсјајната експлозија позната како „GRB221009A“.