На 28-ми август во Радовиш ќе се одржи забавна манифестција по повод Денот на рударите и Денот на градот Радовиш.
Од организацијата како главни музички гости ги најавија Игор Џамбазов и Гуру Харе, чиј настап започнува во 21 часот, а потоа во 23 часот на сцената ќе настапат ,,Црвена јабука”.
-Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, носејќи ги присутните низ три децении музички креации како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други.
Прославата ќе продолжи во 23:00 часот со настапот на екс-ју рок иконите Црвена јабука, кои ќе ги наполнат радовишките улици со звуците на нивните безвременски хитови како „Некако с прољеќа“, „Туго несреќо“ и „Моје најмилије“, информираат организаторите- Fresh Union.
Настанот е под покровителство на рудник Боров Дол – Бучим.
Вики Клинчарова