„За заедничка Македонија“ доби продолжение: „Ние сме Македонија“

by fokus
Македонците во градот Асти, Италија денеска со протест го започнаа движењето #Ние сме Македонија, за кое велат дека е продолжение на „За заедничка Македонија“.
-Поагајќи од нашите искуства во државите каде што живееме, забележуваме дека барањата на албанското малцинство стануваат се поапсурдни.
Политичката елита водејќи се од своите лични и партиски интереси не е веќе во состојба да ги брани и зачува интересите на Република Македонија. Двете национални партии почнаа да се натпреваруваат кој на кој повеќе ќе дозволи да не гази и угнетува. Ние Македонците сме загрижени за опстанокот на нашата држава и нашиот идентитет. Се обидуваат да ни ја поништат историјата, нашето постоење.
За тоа, мора да признаете дека доста допринесоа и некои медиуми, намерно или случајно. Секојдневно се пишува за промената на името како тоа да е веќе завршена работа. Се лаже македонскиот народ дека со промена на името Р. Македонија ќе влезе во НАТО и ЕУ, а сите сте свесни дека тоа нема да се случи, особено не во ЕУ.
Се лаже народот дека влегувањето во тие организации ќе донесе благосостојба, а веројатно сте свесни дека и ова не е точно. Македонија веќе има пристап до европскиот пазар, а доколку се случи да влезе во ЕУ, ќе земе повеќе обврски отколку права, кои во вакви моменти тешко ќе може да ги исполнува, а секако ЕУ е свесна за тоа. Оттука влегувањето во ЕУ за долго време ќе биде одложено, дури и со евентуална промена на името, кое со сите расположливи средства ќе се потрудиме да го спречиме, се вели во соопштението на Македонско здружение КАМЕН МОСТ, Канели, Италија.
Нивните барања се:
1. Стоп на преговорите за името;
2. Стоп на донесување на законот за двојазичнст;
3. Поништување на сите договори и закони донесени од оваа „нелегитимна влада“;
4. Попис на населението;
5. Предвремени парламентарни избори;

Поврзани новости