1.3K
Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски попладнево на информативната сесија во однос на ограничувањето на движење рече дека град Скопје има организирано дежурни такси возила кои им се на располаѓање на граѓаните за време на полицискиот час.
-Од самиот почеток на ограничувањата, организирани се дежурни такси возила, кои можат да ги превезуваат граѓаните до болница или оние граѓани кои имаат дозвола за движења. Граѓаните може да се јават на редовните броеви на такси компаниите. За да овозможиме превоз за здравствените работници, град Скопје организира превоз со возилата на ЈСП, но и други возила, со цел да ги користат вработените со дозвола за движење, а особено за здравствените работници, рече Манчевски.