За водителка од македонско радио од Сиднеј Мицкоски е Феникс, а Заев со лаги ја придобил меѓународната заедница

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ попладнево го објави интервјуто кое Христијан Мицкоски го дал за македонско радио од Сиднеј. Интересни се прашањата на водителката, која не се труди да биде објективна.

– Г-динот Заев со лаги успеа да ја придобие целата меѓународна поддршка а вас од  ВМРО ДПМНЕ да ве втурна во живата песок која песок преку Заев ја постави режисерот на ова црно сценарио за уништување на Македонија. Сега вие од ВМРО-ДПМНЕ, се обидувате како Феникс да се вратите во живот.   Ваш коментар. Зошто ВМРO-ДПМНЕ дозволи да се дојде до сето ова и  дали има излез и кој е излезот г. Мицкоски?, гласи првото прашање.

Потоа таа вели:

-Дали планирате подрастични чекори вклучувајќи го и чекорот со повлекување на пратениците од собранието и од собраниските комисии како и кој би бил можниот датум за предвремени парламентарни избори?    Подготвени ли сте за да го зададете тој завршен удар за да ја симнете оваа нај ненародна власт од постоењето на Македонија, бидејќи поголем дел од медиумите создаваат слика пред медиумската и македонската јавност дека ВМРО-ДПМНЕ е ослабено  и ја нема повеќе поддршката од  гласачкото тело?     Какви резултати очекувате бидејќи г-динот Заев во една прилика порача дека ќе ве згазел и додаде дека ќе останел на власт уште 9 години и 2 месеци значи овој мандат и уште два други жално но вистинито е се што рекол во изминатите години почнувајќи од протестите на шарените и формирањето на пржинската влада му се остварува. Очигледно е дека го знае напамет сценариото од точка до запирка. Македонија никогаш досега не са наоѓала во потешка ситуација од  денешнава. Во сета нејзина историја до 44та 45та се борела за својата држава а сега после онаа одлука на  Заев  и  неговата  влада  со  која  одлука  го    променија уставот и името на државата. За прв пат доведени сме да се бориме да ја браниме поточно да ја вратиме државата во оној облик во која беше создадена. Ќе успеете ли во тоа г-дине Мицкоски?.

Целото интервју:

Поврзани новости