За во четврток закажана седницата за избор на обвинители во Организиран и во Вишо

by fokus

Советот на јавните обвинители за во четврток ја закажа седницата за избор на обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и во Вишото обвинителство. По седум месеци калкулации, конечно изборот на обвинителите, 5 во Организиран и 5 во Вишо, дојде на дневен ред.

Седницата е закажана со почеток во 10.30 часот со следниот дневен ред:

1. Усвојување на записниците од 22 (дваесет и втората) и (дваесет и третата) седница на Советот.
2. Донесување на одлука за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга.
3. Донесување на одлука за избор на 5 (пет) јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на оирганизиран криминал и корупција – Скопје.
4. Донесување на одлука за избор на 5 (пет) јавни обвинители во Вишото јавно обвинитечлство Скопје.
5.Разно

За место во Организиран во конкуренција се 14 обвинители, а за во Вишо дури 34.

За засилување на тимот на Вилма Русковска во игра е половина од тимот на Катица Јанева, односно пријави поднесоа обвинителите од поранешното СЈО: Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Трајче Пеливанов, Елизабета Јосифовска, Љубомир Лапе и Артан Ајро.

Кандидатура поднесе и обвинителот Гаврил Бубевски, но набрзо ја повлече, а од игра излезе и Бурим Рустеми, кој остана во трката само за во Вишото обвнителство. Меѓу еден од фаворитите за во Вишото обвинителство е и неговата колешка Фетаи, односно речиси сите шестмина влегуваат и во изборот и за ова обвинителство.

Валентина Вурмо

Поврзани новости