За ВМРО-ДПМНЕ, техничката влада е нефункционално решение

by Fokus

Ставот на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес е непроменет, односно дека техничката влада во ваков облик и форма е нефункционална и дека истата не треба да постои, изјави на прес-конференција Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пример за нефункционалноста е кога министерот за внатрешни работи ќе апси луѓе кои што вршат поткуп, а обвинителот ќе ги ослободува и истите за кратко време ќе ги видиме како се фотографираат со Зоран Заев или министер за внатрешни работи ќе донесе одлука и ќе именува професионалци, за истите од страна на владата да бидат заменети со партиски војници“,вели Стојаноска.

Според неа, техничката влада создава проблем со функционалноста и е мотив повеќе политичките партии и од власта и опозицијата да донесат итно решение чија што задача ќе биде само спроведување на фер и демократски избори.

„Во спротивно ако со ваква техничка влада ни се случи ваков масовен поткуп, тогаш можеме да замислиме што би се случило на следните парламентарни избори со ваква полна влада на Заев и Ахмети“, вели Стојаноска.

 

Поврзани новости