На последната трибина „Заклучоци од политичкиот саем на промените што нисат иднина – 365 дена отчет на градоначалниците“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при што констатираше дека ова е историски настан кој што за прв пат се организира во Македонија на кој што подготвени и на отворен начин, избраните од народот градонаѓалници, даваа отчет за сработеното во изминатата година.
Мицкоски посочи дека тоа и се очекува од избраните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и тоа нема да го видиме од СДСМ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, партија од народот и од тука го црпи нејзиниот легитимитет, додека СДСМ и нејзините градоначалници и функционери се салонски политичари кои не одговараат за сработеното или не сработеното пред народот.
Токму затоа, потенцираше Мицкоски, крајот на нив набргу им доаѓа.