Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ
Најарни можат и треба да ни бидат односите со Власите. Нашите интереси никаде не се пресреќаваат со влашките. Власите повеќе живеат во градовите и се трговци, а ние повеќе сме во селата и сме селски стопани. Оние од Власите што живеат во селата, се занимаваат со овчарство. Власите и нашиот народ се разликуваат по јазикот, носијата, карактерот, така што никојпат Власите не можат да претендираат на наши села; исто така никојпат ние не сме кажувале оти влашките села се наши.
Меѓу нас и Власите нема никакво историско недоразбирање. Власите никојпат немале никаква власт над нас и никојпат не ни сториле никаква пакост. Исто така, тие немаат ништо патено од нас. Обратно, уште од средните векови и меѓу нас и Власите имало секојпат согласност. Врз таква почва може да се развие најсрдечна дружба помеѓу нас и Власите. Таа дружба треба да пушти длабоки корени помеѓу двата братски народа за да им даде можност рака за рака да одат по тешкиот пат на културниот прогрес.
Вака пред сто и дваесет години пишувал великанот на македонската филологија. Мисирков уште пред сто и дваесет години бил доволно паметен за да знае дека конфликт помеѓу Мкаедонците и Власите немало, нема, нити смее да има. Секако, како што нотира и самиот, до тоа допринесуваат и различното потекло, јазик и култура. Македонците пишуваат кирилица, Власите латиница. Кутурата и обичаите се значително различни, но меѓуетничките односи секогаш биле на ниво.
Морони се разбира има секаде, и кај двата етникума. На пример по иницијатива на неколку Власи, до Комисијата за зашитита од дискриминација поднесов претставка, а до Основното Јавно Обвинителство Скопје кривична пријава против Даниела Караѓозовска, екс македонски амбасадор во Хрватска и екс претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ поради ширење на ертничка омраза спрема Власите во свој обемен пост на фејсбук од јануари годинава, со кој ги шири веќе познатите шизофрени дрн дупки- влашко лоби, владеење на Македонија но и црквата од сенка, разнебитување на македонскиот етнос, овој пат зачинето и со коалиција со СороШ 😀
Не знам дали таа жена се уште има функција во ВМРО-ДПМНЕ бидејки беше претседател на Унија на жени пред десетина години, но би сакал да го чујам ставот на претседателот Христијан Мицковски за ваквото поведение на истакнат функционер. Не сакам, и не верувам дека Мицковски е согласен, впрочем пред три дена срдечно ни го честиташе националниот ден, а Власите имале огромен допринос и во историското ВМРО а богами и во политичката партија.
ФАНТОМСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ВЛАСИ, КОЕ ПОСТОИ САМО НА ХАРТИЈА
Кога сме кај националниот ден, на свечената Академија по повод дваесет и трети мај, Националниот ден на Власите, зедов учество на прославата во хотелот Александар Палас. Во својот говор алармирав за состојбата на влашкиот јазик. Пописот покажа дека само една третина од Власите во Македонија го говорат јазикот и нема сомнеж дека се работи за постарите генерации. И за тоа никој не е виновен, ни државата, ни комшиите, ни другите етноси, ниту Романската пропаганда.
А, Романската пропаганда не мирува. Нивната амбасада во земјата организирашпе конференција Браќа Манаки, заедно со некое фантомско здружение на Власи кое постои само на хартија. Целта е јасна, да се претстават великаните Манаки како Романци а не како Власи. Е нема да може!!! Но она што меѓу нас Власите на големо се шушка е дека Романија, после Бугарија ќе започне да условува, и дека ќе бара Македонија или да признае дека Власите се Романци или да влезат во Уставот, иако бројот на Романци и нивната историја и допринос во Македонија е знаемарлив.
Токму за ова алармирав и во присуство на претставникот на Владата, министерот Бочварски. И сакаме јасно да порачаме, Власите не се , не биле и НИКОГАШ нема да бидат Романци, колку год Романската пропаганда истура пари, пасоши и бесплатни школувања во Македонија. Una gintsa him, Armanlu nu chieari.