На Твитер се појави ценовник за тоа колку чинел дочекот на новогодишната ноќ на сплавот во Белград кој потона, а од кој јасно се гледа дека некои од гостите платиле 2.400 евра за дочекот на Новата година.
Билетот за влез на сплавот таа вечер бил 20 евра, а маса за шанк можело да се резервира за 230 евра. По таа цена, која е наменета за пет лица, се добива едно шише домашен пијалок.
Мал штанд и премиум шише пијалок чинат 600 евра, а мало сепаре било наменето за осум лица. ВИП сепаре, односно мал двоен сепаре, чинел 1100 евра и бил наменет за 12 лица. Цената вклучувала едно шише врвен пијалок и две шишиња шампањ.
Ултра ВИП сепаре за 15 лица со две шишиња пијалоци и две шишиња шампањ чинел 1.600 евра.
Најскапото сепаре таа вечер, Мега ВИП, чинело 2.400 евра. Во цената биле вклучени две шишиња алкохол и две шишиња шампањ Dom Perignon. А сепарето Мега ВИП било наменето за 15 лица.
Според истрагата, во моментот на потонувањето, на сплавот имало 700 лица, а пловниот опбјект бил регистриран за капацитет од 200.