До крајот на денов во нашата држава ќе се задржи претежно сончево и релативно тивко време, без ветер. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.
Потоа за време на викендот, и тоа особено утре доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела но и во недела особено претпладне ќе има послаби локални врнежи. На некои пониски места ќе бидат од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, услови за провејување на снег ќе има понекаде и на местата со помала надморска височина.
Потоа повторно ќе продолжи периодот на претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде понеделник кога сеуште ќе има услови за послаби локални врнежи. За време на викендот повторно ќе дува ветер од северен правец, Долж Повардарието истиот повремено ќе биде и засилен по интензитет.
Наутро температурите повторно на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени утре, кога ќе биде потопло. Во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени. На почетокот од следната недела температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.
Подготви: Славчо Попоски