Голем дел од јавноста е револтирана поради износот на одредени ваучери кои ги додели АМС на спортските субјекти, а падна во око сумата која ја доби таеквондистот Дејан Георгиевски, кој минатото лето освои сребро на ЛОИ во Токио – само 350 илјади денари.
Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски во изјава за „Фокус“ се обиде да ја објасни целата ситуација.
„За тој случај мислам дека станува збор за грешка. Во понеделник ќе има владина комисија и ќе бидат разјаснети сите недоразбирања. Такво нешто се случи и минатата година и верувам дека се ќе биде во ред“, ни изјави Мојсоски.
Георгиевски денеска го искажа револтот на социјалните мрежи, затоа што според него, добил премалку пари, во однос на успехот кој го постигна за Македонија.
Фото – 24 ракомет
Јорданчо Цветаноски