За Тупанчески, по изборот на Абази „стои прашањето“ за генерален реизбор во правосудството

by Fokus

По изборот на Ислам Абази за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК), министерот за правда Никола Тупанчевски потсетува дека изборот го направиле самите обвинители на непосредни избори – модел кој би требало да ги отстрани надворешните влијанија

Дали е тоа вистинскиот модел, ќе покаже времето

„Стои тоа прашање“, вели министерот за правда Никола Тупанчески за идејата за генерален реизбор во правосудството по изборот на Ислам Абази за прв човек на ОЈО за гонење на организиран криминал.

При гостувањето во вечерашното издание на емисијата „360 степени“, првиот човек на ресорот правда кажа и дека станува збор за сериозна функција каде се постапува по комплексни предмети и дека поради тоа, на такво место, би требало да биде човек кој има сериозно искуство и капацитет да ги менаџира предметите. Тупанчески не кажа дали Абази е или не е вистинскиот човек, но додаде дека за краток временски период ќе се утврди дали е избран вистинскиот човек. Но дури и тогаш, додаде министерот, треба да се почитува волјата на обвинителите.

Поврзани новости