Викендов во Кавадарци се одржа традиционалната манифестација Тиквешки гроздобер која во тек на трите дена имаше рекордна посетеност. Како што информира организаторот на настанот – Општина Кавадарци, за трите празнични денови во градот имало над 120.000 посетители од сите краеви во земјава, но и делегации од повеќе земји, односно од побратимените градови.
Според податоците кои организаторот ги добил од угостителските објекти и винарии, се испиле над 27 тони бело и црвено Тиквешко вино.
Од општината се заблагодарија на посетителите, но и на кавадарчани за гостопримливоста, како и на државниот врв кој присуствуваше на настанот.
Додаваат дека ова бил најпосетениот гроздобер досега на кој не бил забележан ниту еден голем инцидент.
Истовремено од Црвен Крст Кавадарци известија дека за трите вечери била ангажирана нивна екипа која заедно со екипите на Итната помош од Кавадарци укажала помош на околу 35 лица.
Инаку, годинава на големата сцена на плоштадот настапија повеќе домашни изведувачи, но и гостите од страна – Реља, Милица Павловиќ и Ацо Пејовиќ.
Вики Клинчарова