За три дена 69 нови случаи на корона вирус

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 10.06 до 12.06.2022) направени се 1.640 тестови, а регистрирани се 69 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (69), регистрирани се 9 реинфекции. Регистрирани сe 85 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 3 дена (од 10 до 12.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.066.665 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.607, бројот на оздравени пациенти е 302.892, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 399.

 

Поврзани новости