Во последните три дена, од 22 до 24 април, од направени 3.722 тестови, регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се вкупно пет починати и, 238 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.
Бројот на активни случаи изнесува 630, а во осум градови во моментов нема ниту еден случај на Ковид-19.
Од 147 нови случаи, од Скопје се 84, Битола – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 6, Прилеп – 4, Штип – 3, Тетово, Охрид, Кочани и Неготино – по 2, Гостивар, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции.
Од 238 оздравени пациенти, од Скопје се 135, Битола – 29, Прилеп – 13, Велес – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Струмица – по 6, Гостивар – 5, Куманово и Неготино – по 4, Тетово – 3, Штип и Струга – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Делчево, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите три дена (од 22.04 до 24.04.2022) се регистрирани 2 починати лица од Куманово (78г) и Тетово (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (77г), Битола (73г) и Прилеп (65г). Од нив, две лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 03.04 до 19.04.2022.