Во моментов 167 пациенти чекаат за трансплатација на бубрег од починато лице, листа која постојано се ажурира, рече денеска доктор Галина Северова од Клиниката за нефрологија по повод одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“.
Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) велат дека се направат напори да се извршат потребните трансплатации, но и најавија дека се воведуваат нови, иновативни лекови наменети за спречување на прогресија на бубрежната болест.
Според д-р Северова, утре ќе се празнува не само Денот на бубрегот, туку и 50 години постоење на Клиниката за нефрологија.
Душко Ѓоргиев, претседател на Здружението „Нефрон“ рче дека листата на чекање за трансплатација не ја одразува вистинската бројка, оти пациентите на дијализа не се запишуваат зашто потребни се многубројни испитувања и типизација, кои бараат време, но и финасии.
Минатата година ја завршивме со две кадавери (четири бубрежни трансплатации) и тоа има голеем одраз на вербата на пациентите дека ќе дочекаат орган од листата. За жал, Програмата за трансплатација за 2025 година предвидува пет кадавери што во старт е премалку за потребите и очекувањата на пациентите“ рече Ѓорѓиев
Сашо Клековски, директорот на ФЗО вели дека ќе направат максималеен напор да ја поддржат Клиниката за нефрологија колку што е потребно и толку трансплатации да се направат.