Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска во телефонски разговор го нарече претседателот на Аргентина – Хавиер Милај, неговиот „омилен претседател“, изјави портпаролот на јужноамериканскиот лидер.
Трамп и Милај се поддржуваа и претходно, а оваа недела ќе се сретнат лично во Мар-а-Лаго, резиденцијата на Трамп во јужна Флорида, пренесува Ројтерс.
Откако беше избран кон крајот на минатата година, Милај се обиде да воспостави блиски врски со САД, а по претседателските избори во САД, тој ја прослави победата на Трамп со огномет и објави на социјалните мрежи.
Извор од аргентинската влада рече дека Милај ќе се сретне и со милијардерот Илон Маск, извршен директор на Tesla и сопственик на платформата X, кој исто така е голем поддржувач на Трамп.
Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) е планирана за 14-16 ноември во Мар-а-Лаго.