2
Првата македонска платформа за колективно финансирање www.ecrowd.mk ја објави кампањата “За Теодора да слуша и да има безгрижно детство!” која има за цел да собере средства за девојчето кое се соочува со сериозни здравствени предизвици и итно и се потребни финансии за животоспасувачко лекување.
Линкот кон кампањата е достапен тука: https://ecrowd.mk/projects/2321cee4-c777-4070-bc72-33c46b1def3d
„Со вашата поддршка и објавување на овој апел, би ни помогнале да ја зголемиме свеста и да ја ангажираме јавноста да учествува во оваа важна мисија. Секој прилог е значаен и има моќ да направи разлика во животот на Теодора и нејзиното семејство“.