За спорниот член 4 1од Законот за легализацијата на дивоградби со кој се предвидува запирање на кривичните и граѓанските постапки за бесправно градење ќе се отвори дебата, вели премиерот Зоран Заев.
-Целта е да има еднаквост пред Уставот, не може да дозволите некој да легализира објект што е изграден 2019-2020, а од друга страна да се гони кривично некој за објект од 2015-2016 година. Исто така, тоа не значи дека судските процеси ќе паднат во вода, затоа што би паднале само деловите за бесправно градење, додека останатите делови од обвиненијата ќе си опстојат. За членот 41 ние ќе отвориме дебата во парламентот, да се изјаснат сите, ќе ги слушнеме и граѓаните. Секако за уставноста владата и парламентот мора да внимаваат, но на крајот решенијата треба да донесат и конечна одлука која ќе ја носиме заедно со граѓаните и парламентот, рече Заев.
Овој член предвидува да се запират кривичните постапки за градење на дивоградби за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, кој освен за бесправна градба се гони и за друго кривично дело, за новинарот Драган Павловиќ-Латас, за сопственикот на дивоградбата кај Мавровка.