Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски прв го коментираше експозето на мандатарот, Христијан Мицкоски и програмата на новата владејачка коалиција е манипулативна.
Спасовски забележува дека во неа нема укинување на Преспанскиот договор, договорот со Бугарија и менување на преговарачката рамка со ЕУ, како што ветуваше ВМРО-ДПМНЕ во кампањата.
-Првиот основен приоритет, нашето членство во Европската унија во програмата е со сосема различен концепт од оној што го застапуваше како опозиција во изминатите 8 години и во времето на предизборието, како што е почитувањето на Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Преговарачката рамка. Факт е дека нема ниту збор за укинување на Преспанскиот договор, ниту збор за укинување на Договорот со Бугарија и факт е дека нема план за тоа како ќе ја промените преговарачката рамка за којашто зборувавте со години наназад дека нема да ја прифатите, рече Спасовски.
Според него, во програмата нема нови проекти, туку завршување на оние кои ги започнала претходната влада, кои ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција остро ги критикуваше.
Оливер Спасовски, координаторот на пратеничката група на СДСМ, прв реплицираше по експозето на мандатарот Христијан Мицкоски, пред формирањето на новата влада, па рече дека во заедничката програма на новата владеачка коалиција нема нови проекти, туку довршување на веќе започнати.
-И многу прашања кои сте ги ставиле како големи идни достигнувањња, се нешто што постои и функционира во државата. Напишана е колку да се каже дека ќе правите нешто… На пример, сте напишале дека ќе воспоставите видео-надзор на граничните премини, а тој систем постои 30 години и тоа не еден, туку два – на Царинска управа и на МВР. Иако се најавуваше изградбата на инфраструктура – освен доградба на проектите како Кичево – Охрид и „Бехтел и Енка“, кој ви беше коруптивен, сега со задоволство е ставен во програмата.. Но, таквиот пристап е чесен, ако веќе нема план – рече Спасовски.