Во истрагата за смртта на велешанката се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот на епидемилозите од Институтот за јавно здравје. За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација која доколку има потреба ќе се вклучи со поддршка, информираа од министерството за здравство.
Нашите извори тврдат дека се работи за специфичен случај кој може да влезе во науката и од тие причини ќе биде известена и СЗО.
По наодот дека починатата велешанка е позитивна на коронавирус, која со својот син беше пронајдена мртва пред два дена, Министерството ја проширува истрагата во која се вклучуваат повеќе институции.
Денес во Институтот за јавно здравје се прави уште една анализа на материјалот кој е земен од трахеата за да се потврди позитивниот резултат на коронавирус.
Сепак, не се точни информациите дека велешанката е почината два месеци.