Во соседна Србија со измените на Кривичниот законик (КЗ), предложени од Министерството за правда предвидено е за сите облици на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете да може да се изрече казна доживотен затвор.
Во интервјуто за белградска Политика, министерката за правда Маја Поповиќ изјави дека значително ќе се заострат казните за семејно насилство, а согласно иницијативата на родителите на убиените деца на пешачки премини и во јавниот сообраќај, ќе се менуваат и санкциите за тешко кривично дело против безбедноста на сообраќајот.
„Предложено е за сите форми на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете, да може да се изрече и доживотен затвор. Кога станува збор за кривичното дело обљуба со злоупотреба на положбата, се предлага тој што ќе се утврди дека го сторил ова дело да се казни со затворска казна од шест месеци до пет години“ – рече Поповиќ.