За што разговарале Ковачевски, Макрон и Шолц на денешната средба во Тирана?

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана имал куса средба со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц.

-Со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц, кои се наши големи поддржувачи, секогаш имаме конструктивни разговори за европската иднина на Северна Македонија, објави на својата официјална страница премиерот Димитар Ковачевски.

- Advertisements -

Денеска за време на Самитот во Тирана, додаде Ковачевски, разговаме за актуелните процеси во Република Северна Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме.

-Тема на нашиот разговор беше и енергетската криза, актуелните состојби во Европа и војната во Украина, напиша Ковачевски на Фексбук.

Поврзани новости