За што разговараа Макрон и Путин два часа?

by Fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон во двочасовен телефонски разговор го повика рускиот претседател Владимир Путин „да дозволи продолжување на евакуацијата“ од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Евакуацијата од тој објект во пристанишниот град во источна Украина мора да се случи „во координација со хуманитарните актери и дозволувајќи им на евакуираните да изберат дестинација, во согласност со меѓународното право“, соопшти Елисејската палата на денот кога руската војска започна нов напад на челичарницата од која, според Обединетите нации, досега се евакуирани 101 цивил.

За време на телефонскиот разговор, Макрон повторно „ја изрази својата длабока загриженост за Мариупол и ситуацијата во Донбас“, соопшти неговиот кабинет.

Овој телефонски разговор е прв на двајцата лидери по масакрот во Буча на 29 март, што Макрон, заедно со другите западни лидери, остро го осуди.

Поврзани новости