За што ќе одговараат лицата кои го лајкуваа и коментираа преносот во живо на убиецот од Градачац?

by fokus

Нермин Сулејмановиќ, кој изврши тројно убиство во Градачац, убивајќи ја својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, како и таткото и синот на Џенгиз и Денис Ондер, во директен пренос го пренесуваше крвавиот поход. Иако е тешко да се поверува, имаше и такви кои го поддржаа криминалецот во тој грозоморен пренос на Инстаграм, коментираа и лајкуваа.

Над 15.000 луѓе го следеа преносот во живо, а некои го величеа ова грозоморно злосторство, оставајќи болни пораки за поддршка на убиецот.

Како што неофицијално дознава „Радиосараево“, лицата кои ја коментираа и лајкуваа снимката, која во меѓувреме е отстранета, ќе бидат осомничени по член 32 од Кривичниот законик на Федерацијата на Босна и Херцеговина „Поттикнување“.

– Кој со умисла ќе поттикне друг да стори кривично дело, ќе се казни како самиот да го сторил – стои во овој напис.

Министерството за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина преку Инстаграм ги објави активностите спроведени врз оние кои му дадоа поддршка на Нермин Сулејмановиќ за време на директниот пренос на крвавиот пир. Наводно веќе се лоцирани 40 лица кои го поддржале Сулејмановиќ. Сепак, се уште не се знае точно колку лица се идентификувани.

Засега не е поднесена официјална пријава.

Поврзани новости