637
Портпаролот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Фатмир Реџепи, изјави дека Обвинителството дополнително ќе треба да одлучи за постапката против 43-годишниот анестезиолог В.Д од тетовската болница, кој во живо на Тик Ток прикажуваше пациентки, пренесе ТВ 21.
Реџепи рече дека истиот е осомничен за непочитување на професијата и неовластено снимање.
-Се зависи од нив. Значи, што се однесува до овие две кривични дела, односно непостапување непочитување на професијата и неовластено снимање, се зависи од штетата што може да ја нанесе видеото што е објавено, а и обвинителот дополнително ќе им изрече мерка, рече Реџепи.