Полната Месечина во знакот Риби ги зголемува шансите за изобилство и развој кај некои знаци од Зодијакот.
Дури и покрај ретроградниот Меркур кпј почна на 9 септември, овие хороскопски знаци ќе имаат можност да постигнат професионален успех, а можеби дури и да ја подобрат својата финансиска состојба.
Астролозите истакнуваат дека за 6 хороскопски знаци периодот на полна месечина (која почна од саботата, а влијанието се чувствува околу 6-7 дена) ќе биде доста профитабилен:
Лав (23 јули – 22 август)
Претставниците на овој хороскопски знак ќе имаат најмногу среќа. Можно е да добијат шанса за напредување и тоа од сосема неочекуван извор. На полна месечина, Лавовите ќе можат да ја завршат целата започната работа, да ги отплатат долговите. Претставниците на знакот можат безбедно да ги инвестираат своите пари во нов бизнис, тоа ќе биде профитабилно. Трансакциите со недвижности ќе бидат успешни. Во принцип, целиот период ќе биде полн со среќа и големи можности.
Вага (23 септември – 22 октомври)
За време на полната месечина Вагите ги очекуваат различни изненадувања. Можно е да мда исполнат некоја желба, особено кога станува збор за шопинг. Вагите ќе се однесуваат самоуверено, благодарение на што ќе можат многу да променат во животот. Сите промени кои ќе се случат во овој период ќе доведат до успех.
Стрелец (22 ноември – 21 декември)
Стрелците ќе можат да договорат профитабилен бизнис, благодарение на што ќе можат да ги подобрат своите финансии. Добиените средства најдобро е да ги вложите во некој бизнис кој ќе донесе добар профит во иднина. Единственото нешто што претставниците на овој знак не треба да го прават е да потпишуваат документи и да не носат важни одлуки додека не заврши периодот на ретроградност на Меркур (2 октомври).
Риби (19 февруари – 20 март)
Во септември Рибите ги очекува пријатен прилив на пари. Можно е да добијат бонус на работа или додаток за добро завршена работа. Можно е да заврши многу недовршени или одамна започнати работи. Секој експеримент што Рибите ќе го одлучат на овој ден ќе им донесе успех и среќа.
Близнаци (22 мај – 21 јуни)
Близнаците ќе можат да завршат проект што го започнале одамна, како и да решат прашање поврзано со кариерата и работата. Покрај тоа, тие ќе успеат да научат нешто ново, што ќе им овозможи подобро да ги разберат луѓето околу нив. Ќе размислува и за промена на работното место. Периодот е поволен и од аспект на трансакции и потпишување на профитабилни договори.
Шкорпија (23 октомври – 21 ноември)
За претставниците на овој хороскопски знак, полната месечина ќе донесе голем профит. Особено успех ги чека оние кои ќе одлучат да започнат сопствен бизнис или да ги имплементираат своите идеи. На многумина на овој ден ќе им се зголемат основните приходи, а некои ќе бидат унапредени. Среќата ќе им се насмевне на оние кои се докажуваат и покажуваат за што се способни.