376
На територијата на СВР Битола денеска од 13 до 19 часот при спроведена засилена акциска контрола санкцонирани се 69 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
Од МВР соопштија дека 58 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 11 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Полицијата најави дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.