За Шекеринска е смешно што се политизира случајот на Боки 13 и Катица Јанева

by Fokus

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска одговарајќи на новинарско прашање што правел еден министер за одбрана во домашна атмосфера со Боки 13 и Катица Јанева, потенцира оти процесот трае и сите информации што се битни за јавноста новинарите ги добивАат, но станува смешно, подвлече, обидот да се политизира дополнително случајот.

– Случајот што го отворате покажа колку нашата држава се променила. Новинарите поставуваат дури и нелогични прашања, но никој не ги критикува за тоа. Медиумите можат да критикуваат и многу ретко одлучуваат тоа да не го прават. Она што е најважно, никој не е над законот, изјави Шекеринска, откако заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“.

Според неа, како држава покажавме дека промените се возможни.

– Денеска во власта никој не може да штити никого ако правдата дојде по своето и тоа е голем комплимент не само за соодветните институции, туку пред се за граѓаните, кои тешко се изборија за ова крупна промена, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Поврзани новости