518
Во периодот од 14 до 20 ноември од Ковид-19 во Македонија починале седум лица, три во Скопје и по еден смртен исход во Крушево, Ресен, Дебар и Македонска Каменица.
Потврдени се 179 нови случаи на болеста од 2.829 тестирања. Најголемиот број од нив – 120 се во Скопје. Од почетокот на епидемијата со Ковид-19 во Македонија починале 9.588 лица.