Владата на Република Македонија на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со воведување евтина дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата.
Владата и препорача на Регулаторна веднаш да одржи работен состанок со претставници на ЕВН, Министерство за економија и Кабинетот на Анѓушев и во рок од седум дена да подготви анализа за повторно воведување на дневната евтина тарифа на електрична енергија за домаќинствата и измена на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи.
Владата на РМ е убедена дека со оваа одлука ќе се направи голем исчекор кон подобрување на еконоската состојба на граѓаните на Република Македонија, а истовремено ќе се поттикне домаќинско работење во јавните претпријатија.