Сметаме дека Талат Џафери е соодветно и добро решение, изјави Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ, одговарајќи на прашање дали за нивната партија е прифатлива одлуката на ДУИ актуелниот претседател на Собранието да биде технички премиер сто дена пред изборите што ќе се одржат напролет.
Одговарајаќи на новинарско прашање на прес-конференција, таа рече дека се очекува утре на состанок на Извршниот одбор на СДСМ, закажан од лидерот на партијата и премиер Димитар Ковачевски, нивниот сопартиец Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и предлогот да биде потврден од највисокото партиско раководство.
На прашањето што доколку ВМРО-ДПМНЕ одбие да биде дел од техничката Влада предводена од Талат Џафери и не предложи министри и заменици-министри, Маркоска одговори дека „нема да им успее ако ДПМНЕ бара алиби за поразот што ги чека на изборите“.