828
Од МВР информираат дека денеска во Скопје биле казнети 145 возачи за брзо возење и предупредуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови.
Денеска, во периодот од 09 до 16 часот на подрачјето на Скопје спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 145 возачи.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.