Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека минималната синдикална кошничка за јануари годинава изнесува 35.811 денари. Во споредба со декември минатата година е зголемена за 770 денари.
Во Синдикалната кошничка најголемо учество од 15.317,93 денари или 42,77 отсто имаат исхраната и пијалаците, со 11.447,24 денари, односно 31,97 отсто учествува домувањето, хигиената е застапена со 6,74 отсто или 2.415,09 денари, превозот со 2.652,27 денари, односно 7,41 отсто, облека и обувки со 2.165,27 денари или 6,05 отсто, култура 1.067,86 или 2,98 отсто и одржување на здравје со 745,34 денари, поточно 2,08 отсто.
Овие бројки според ССМ покажуваат дека е оправдано нивното барање за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто на сите останати плати.