МВР информира дека вчера попладне околу 15.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат на влезот на с. Лабуништа, Струшко, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од О.А.(23) од с. Лабуништа, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Е.Х. од Ресен, А.Ш. од Охрид и А.Х. од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Вечерта околу 22.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат од с. Ропаљце кон село с. Никуштак, Липковско, патничко возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, упраувано од И.С.(18) од с. Ропаљце, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.
Само три часа подоцна уште едно излетување од пат.
Рано утринава во 01.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Струга, кај Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, патничко возило „опел астра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(40) од Струга, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., констатирани во болницата „Св.Еразмо“.
Увид извршиле полициски екипи.