Од МВР информираат дека вчера, за само неколку часа, биле казнети дури 291 возачи, кои возеле со поголема брзина од дозволената.
-Санкционирани се 291 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 11.00 часот во рамки на зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, велат од МВР.
Од таму појаснуваат дека од нив, 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.