За само 15 дена тинејџер подметнал 10 пожари на територијата на Херцег Нови

by Fokus

За само 15 дена тинејџер успеал да подмете дури 10 пожари во дел од Херцеговина, во Њивице, Жвиње, Суторина, Поди, Камен, Мокрине, Ситница, Зеленица и Кумбор.

Полицијата во Херцег Нови го идентификувала и уапсила Л.Р. (19) од тој град, кој е осомничен дека од 24 јули до 8 август подметнал 10 пожари на територијата на таа општина, соопшти денеска црногорското МВР.

Тој е обвинет за подметнување пожари во дел од Херцеговина, палење на ниска и висока вегетација покрај регионалните патишта, во Њивице, Жвиње, Суторина, Поди, Камен, Мокрине, Ситница, Зеленица и Кумбор.

Осомничениот со кривична пријава ќе биде изведен на понатамошна надлежност кај државниот обвинител во Котор.

Поврзани новости