За само 11 месеци опожарени се 71 возило, а поднесени се осум кривични против 12 сторители

by Fokus

За само 11 месеци опожарени се 71 возило во повеќе градови низ државата, информираа за „Фокус“ од министерството за внатрешни работи.

Според податоците, кои ни ги доставија од МВР, најмногу патнички возила се запалени на територијата на Скопје, дури 44 автомобили, а после тоа на списокот се опожарените возила во околината на Битола и Охрид.

„Во периодот од 01.01.2024 година, заклучно со 03.12.2024 година, регистрирани се вкупно 71 кривично-правен настан поврзан со опожарување патнички возила. Гледано по подрачја, состојбата е следна:

СВР Скопје-44 (најмногу на подрачје на ПС Бит Пазар-девет, потоа по седум на подрачјата на ПС Кисела Вода, Ѓорче Петров и Чаир, шест на подрачје на ПС ОН Драчево, три на подрачје на ПС Карпош, две ПО Петровец и по едно на ПС Аеродром, ПО Арачиново и ПО Сарај),

 

СВР Битола – осум (на подрачје на ПС Прилеп-пет и три ПС Битола),

 

СВР Охрид-седум (ПС Охрид и ПС Струга- по три и ПС Кичево-еден),СВР Струмица-три (ПС Гевгелија, ПС Струмица и ПС Валандово),

 

СВР Куманово – три (ПС Куманово),

 

СВР Велес-два (ПС Велес и ПС Кавадарци),

 

СВР Штип-два (ПС Виница и ПС Штип) и

 

СВР Тетово два (ПС Тетово) настани“, се наведува во одговорот од МВР.

Од досега преземените мерки, поднесени се осум кривични пријави  за сторени 11 кривични дела „предизвикување општа опасност“, против 12 сторители.

„Пријавите се поднесени од СВР Скопје-три за сторени пет кривични дела против петмина сторители, СВР Велес -две за сторени три кривични дела против тројца сторители, СВР Охрид-две за сторени две кривични дела против двајца сторители и СВР Битола-една за сторено едно кривично дело против двајца сторители.

 

За останатите случаи, во тек се мерки за нивно расветлување, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, истакнаа од МВР.

Пред само три дена во Куманово беше опожарено возилото на обвинителот Џелал Бајрами, кој во 2016 година беше избран за обвинител во Републичкото јавно обвинителство. Тој претходно беше министер за труд и социјална политика и заменик-министер за внатрешни работи, од редовите на ДУИ.

Запалениот автомобил е на обвинителот Џелал Бајрами

Бајрами во изјава за„Фокус“ тврдеше дека нема никакви сомнежи кој би можел да го запали неговиот автомобил.

„Не се сомневам во некого, ниту сум имал некоја закана од некого. Очекувам многу бргу да се откријат сторителот или сторителите и да се изведат пред лицето на правдата, изјави Бајрами за ,,Фокус”.

Обвинителот Бајрами: Не знам кој ми го запали автомобилот, ниту сум имал закани

Но, тоа не е единствениот во плејадата запалени автомобили. На почетокот на август беше опожарено и возилото на синот на еден од порано најблиските соработници на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела АрсовскаДраган Митковски-Книга. 

Опожарен мерцедесот на Драган Митковски, најблискиот соработник на Арсовска

Ирена МУЛАЧКА 

 

 

Поврзани новости