За првпат се огласи сопругата на украинскиот претседател Зеленски

by Fokus

Првата дама на Украина, Олена Зеленска денеска за првпат се огласи од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Таа рече дека руската инвазија пред нешто повеќе од една недела била неверојатна, нешто во што не било можно да се верува, а потоа на 24 февруари во земјата влегле тенкови, авиони и војска.

– Најстрашна е смртта на толку многу деца, напиша Зеленска.

Таа подвлече дека деца и жени од Украина сега живеат затворени во засолништа и подруми.

– За други тоа може да бидат само последици од војната, но за Украина сега е ужасна реалност. Војната против овие невини луѓе е двојно злосторство, напиша Зеленска на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости