850
Покрај тоа што изминатите денови беа срушени рекордите на бројот на заразени од Ковид-19, денеска за првпат значајно е зголемен процентот на позитивни граѓани од бројот на направени тестирања. Па така, од направени 1.648 тестирања позитивни се 383 граѓани, односно 23,3%.
На почетокот на пандемијата процентот се движеше околу десет проценти, а најмногу растел до максимални 17%. Поточно во вчерашната статистика од вкупниот број на тестирани 17% беа позитивни, односно беа направени 2.464 тестирања, од кои 393 беа заразени со корона вирусот.
В.В.