Поп пејачката Андријана Јаневска синоќа ја доби својата прва Златна бубамара на популарноста, односно беше наградена како пејачка на годината.
Горда поради признанието, таа откри дека и било голема чест да настапи со песната ,,Тајно моја” на настанот кој се одржа синоќа во Арена Борис Трајковски, и ова беше 27-мо издание на популарното шоу.
-За првпат во мојата кариера, Златната бубамара долета кај мене!
На вчерашната манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста” ја добив наградата за пејачка на 2023 година!
Имав чест да ја изведам композицијата ,,Тајно моја” во придружба на оркестар од врвни професионалци и вокална придружба од златните грла на Синтезис и Танец! – истакна Јаневска.
Минатата година пак, перформансот на Андријана заедно со Игор Џамбазов, додека таа ја отпеа ,,Ми заплакало селото Ваташа”, песна посветена на 12-те ваташки деца, свирепо убиени од бугарскиот фашистички окупатор, додека Игор ги рецитираше стиховите на ,,Цветови”, стана едно од најсподелуваните видеа од Златна бубамара.
Потоа, со истата песна таа настапи на повеќе манифестации, а за ,,Фокус” изјави дека поради почит кон убиените младинци, носела црвен фустан на сцената, како симбол на пролеаната млада крв.
Вики Клинчарова