За првпат дојава за бомба и во детска градинка, заканата е лажна

by Fokus
Во текот на денот стигна дојава за бомба во дури 86 училишта и една детска градинка. За првпат се случува закана за наводно поставена бомба да има и во детска градинка.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа училишта, една градинка и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Од МВР нагласуваат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Поврзани новости