415
На барање на премиерот Зоран Заев денеска во Кривичниот суд ќе се пуштаат снимките за случајот „Поткуп“, според кои премиерот се товари за барање и земање поткуп од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев додека бил градоначалник на Струмица.
Заев тврди дека снимките што се објавени на интернет се со најмалку два прекина за да се дискредитира неговиот интегритет и углед.
Обвинителката Валентина Бислимовска е против предлогот да се пуштат снимките во целост, бидејќи, според неа, иако се декласифицирани, тие може да се користат под строго определени услови во судска постапка.
На денешното судско рочиште треба да сведочи бизнисменот Сачевалиев, кој до сега не се појавуваше на рочиштата за предметот.