Според податоците што ги објави ТВ21, изминатиоит, деветтиот по ред парламентарен состав, вкупно потрошил 1.685.922 за патни трошоци, станови, комунални услуги и патувања во странство, несметајќи ги редовните плати.
Рекордери според направени трошоци надвор од редовната биле плата пратениците на СДСМ и коалицијата кои патуваат од внатрешноста до своето работно место. Вкупно за патни трошоци потрошени се 1.495.996 евра, објави „ТВ21“.
Најмногу за патни трошоци потрошил пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ. Тој патувал од Струга, а тоа го чинело 47.450 евра.
Втора на листата исто така е пратеничката од СДСМ, Бети Рабаџиевска-Наумовска од Ресен со вкупен износ од 45.918 евра. Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди кој патува од Струга, за тригодишниот мандат земал 42.261. Мира Стојчевска од Делчево, за три години инкасирала 41.632 евра.
Исто така Зоран Илиоски зел 40.692 евра, Емилија Александрова 36.287 евра, Хари Локвенец 35.774 евра, Милева Ѓоргиева 34.358 евра, Агим Шаќири 33.379 евра, Димитар Стевананџија 31.705 евра.
Пратениците добиваа по 30 проценти од изминат километар од продажната цена на еден литар гориво, но по реакциите во јавноста, тоа беше намелено на 20 проценти.
Со законските измени, се доби и можност пратениците од внатрешноста наместо да патуваат, да добијат стан под кирија до 400 евра и платени сметки до 100 евра. Оваа опција од 2018 година кога беше воведена, ја искористиле само 16 пратеници, а тоа вкупно ги чинело граѓаните 90.427 евра.
Пратеничката од Штип, Благица Ласовска, заедно со Лилјана Затуроска и Лилјана Кузмановска и двете од Битола, како и нивниот колега Бранко Маноиловски за стан потрошиле по 7.145 евра.
Нешто помалку од нив потрошил Крсто Јовановски од Велес – 7053 евра. 6996 евра потрошила пратеничката од СДСМ од Прилеп, Кети Смилевска и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Илија Димовски 6824 евра.
10 пратеници кои потрошиле најповеќе за закупнина на стан:
За комунални услуги за користење на стан, листата на пратеници изгледа вака:
За патување во странство пратениците вкупно потрошиле над 83.000 евра.
Најмногу патувал, а и трошел првиот човек на законодавниот дом, Талат Џафери 6.012 евра.