382
Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 24 април и нема основа за какво било одложување, вели премиерот Емил Димитриев, а пренесува Телма. Според него, неприфатливо е барањето на СДСМ за одложување на изборите, а смета дека сите обврски што се преземени во Договорот од Пржино навреме ќе се реализираат.
Премиерот Димитриев не смета дека има потреба да свика лидерска средба, иако СДСМ даде рок до 24 февруари сите партии да се обидат да најдат начин Договорот од 2 јуни да преживее.
Димитриев изјавата ја даде по посетата на новата здраствена установа Пет центар, а беше придружуван од министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.