По дуетот со Наум Петрески, ,,Животе, брате” кој го промовираа минатиот месец, односно пред три недели, музичкото дуо ДНК сними нов дует, овојпат со младата Теа Трајковска.
Новиот дует е насловен ,,Амајлија” и автори на истиот се Панчо и Лазар Цветковски.
Музичарите снимиле и видео запис за песната, во Златибор, во хотелот ,,21st centry Zlatibor” изграден од компанијата Адора.
-Полесен спот досега немаме снимено! Снимањето се одвиваше во ексклузивниот хотел кој го изградија нашите пријатели од Адора, и имавме одличен дочек од персоналот. Ни беше овозможено се што побаравме за потребите на снимањето, вели Панчо.
Покрај хотелот во Златибор, снимањето се одвивало и на ранчот Зова.
Режисер на видео записот е Даниел Јовески, кој се потпишува и на други проекти на ДНК, и истиот од вчера е прикачен на музичкиот канал Јутјуб.
Вики Клинчарова