За половина час ќе се знае пресудата за случајот Груевски против Заев

Повеќе од 2 часа траеја завршните зборови во судскиот процес во кој премиерот Никола Груевски го тужи лидерот на СДСМ Зоран Заев за клевета и навреда за случајот со продажбата на „Македонска банка“.

Пресудата ќе биде објавена во 15 часот.

Инаку Заев пред пет месеци обвини дека премиерот Груевски лично ја продал „Македонска банка“, на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ – Нини. Наводно, според тврдењата на СДСМ, при продажбата, премиерот добил 1,5 милиони евра во кеш.

За ваквото обвинување премиерот поднесе тужба против Заев, со која му бара 500.000 евра обештетување, а вчера ја смени сумата и побара 50.000 евра од лидерот на СДСМ.

Сведокот Нини, кој беше предложен од лидерот на СДСМ Зоран Заев,  сведочеше во корист на премиерот Никола Груевски. Судот како доказ ја отфрли и снимката на која наводно се договара продажбата на „Македонска банка“, бидејќи, како што претходно оцени и Јавното обвинителство, таа била направена без налог од државен истражен орган.

 

Поврзани новости