За полнење на гориво платил со фалсификувани банкноти и си заминал

by fokus

Непознато лице синоќа на бензинска пумпа во Удово платил за полнење гориво со фалсификувани банкноти и си заминал од местото.

„На 14.07.2019 околу 23.55 часот во Полициската станица било пријавено дека не бензинска пумпа во с.Удово, валандовско, непознат возач со патничко возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, платил за полнење гориво со три фалсификувани банкноти од по 1000 денари, по што го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости